Експлозија во Кина, 11 загинати и стотици повредени

Најмалку 11 луѓе загинаа во голема експлозија на гас во централна Кина, пренесуваат државните медиуми.

До експлозијата дошло околу 6.30 часот по локално време во дистриктот Зангван, во градот Шијен во провинцијата Хубеј.

Според локалните власти, спасувачите извлекле 100 луѓе, вклучувајќи 37 со тешки повреди.

Официјални лица веднаш по експлозијата изјавија дека многу лица се заробени под рушевините.

На снимките кои кружат по социјалните мрежи од лице место се гледаат спасувачи кои трагаат по преживеани. Исто така, се гледаат и луѓе кои лежат на среде улица, додека сите згради околу нив се срушени.

Засега нема какви било информации за причините што довеле до несреќата.