Експлозија во ресторан во Атина

Едно лице загина, а најмалку шест лица се повредени, во експлозија што се случи во 9,25 часот во ресторан за брза храна во центарот на Атина.

После експлозијата избувнал пожар.

Властите веруваат дека причина за несреќата најверојатно е истекување на гас.

Во гаснењето на пожарот учествуваа 20 пожарникари со осум противпожарни возила.

atina-eksplozija

Телото на 42-годишната жена, вработена во ресторанот, која загина во експлозијата пожарникарите го извлекле од подрумот на ресторанот.

Од експлозијата причинета е и голема материјална штета.

Оштетени се околните дуќани и повеќе паркирани возила и мотоцикли.