Експлозија во Сирија, загина руски војник

Во сириската провинција Хасака, руско оклопно возило налета на експлозивна направа, а од здобиените повреди во таа прилика загина еден руски војник, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Се истакнува дека експлозивна направа од непознато производство била активирана при проверка на рутата по која патролирале припадници на руската воена полиција.

Уште три руски војници се повредени, и ним им е пружена медицинска помош. Тие не се во животна опасност.

Министерството за одбрана на Русија ќе ја пружи сета неопходна помош и поддршка на семејството на загинатиот војник“, се наведува во соопштението.