Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕК: Изјавата на Аврамопулос не е став на Европската Комисија
Македонија

ЕК: Изјавата на Аврамопулос не е став на Европската Комисија

јануари 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Изјавата на еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, ги разбранува европските институции. ЕК вели дека тоа не е нејзин став.

Додека се чека на круцијалното гласање на грчкиот Парламент за Преспанскиот Договор, еврокомесарот за миграција, член на грчката Нова Демократија, даде изјава која е спротивна на ставот на ЕУ.

Тој во соопштение до медиумите изјави дека не го поддржува Преспанскиот Договор, кој го нарече “небалансиран“ и “проблематичен“. Ова е невообичаен потег за еврокомесар. Комесарите на ЕУ имаат должност да бидат национално и партиски неутрални според Повелбите на ЕУ.

Притоа, Европската Комисија, пред се, комесарот Јоханес Хан и високата претставничка, Федерика Могерини одиграа суштинска улога во постигнувањето компромис за спорот за името. Претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, договорот го нарече “историски“.

Денеска во прес салата на Европската Комисија, новинарите бараа одговори од портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас, за односот на Аврамопулос.

„Ја повторувам позицијата која колеџот на комесари ја зазема едногласно, таа позиција беше јасно изразена од претседателот Јункер и комесарот Хан. Ова е важен договор за решавање на едно од најстарите прашања во регионот и прилика да се надмине минатото, не само во регионот, туку во цела Европа, рече Шинас.

Тој додаде дека ЕК сега го следи процесот во Грција и дека “единствено што е важно сега е гласањето на грчкиот Парламент, што суверено ќе одлучи за следните чекори“.

Одговорот на Шинас не ги задоволи претставниците на медиумите, кои сакаа да знаат дали Аврамопулос може да биде опоменат поради неговото скршнување од усогласениот став на ЕК за важноста на оваа спогодба. На што Шинас, кој е инаку исто така по потекло од Грција и член на Нова Демократија, одби да одговори.

Новинарите бараа да знаат дали Шинас, исто така, ја поддржува изјавата на неговиот сопартиец и дали е прифатливо еден комесар да ги стави партиските интереси над оние на ЕК.

„Нема да навлегувам во анатомијата и контекстот, позицијата на ЕК е јасна, и тоа е сѐ што треба да запаметите, изјави тој.

Изјавата на Аврамопулос посебно ги изненади одделите во ЕК кои работат на проширувањето и на Македонија, од каде повторуваат дека ставот на комесарот за миграција “кој се шири во грчките медиуми нималку не е во согласност со ставот на ЕК“.

И грчките европратеници од Сириза реагираа денеска, како Димитрис Пападимулис, кој на Твитер прашува дали Аврамопулос “оди против позитивниот став на ЕК за договорот, а ако не тогаш која му е целта?„

„Една нога не може да стои на два брода, пишува европратеникот, кој потсети дека Аврамопулос со месеци “молчи за Преспанскиот договор“.

аврамопулос актуелно европска Комисија став
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.