Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕК предлага 12,9 милијарди евра за проширувањето во наредните седум години
Македонија

ЕК предлага 12,9 милијарди евра за проширувањето во наредните седум години

мај 27, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската Комисија (ЕК) денеска го презентираше долгорочниот буџет за Европската Унија, во него се предвидени 12,9 милијарди евра за претпристапниот инструмент, јавува дописничката на МИА од Брисел.

-За да ги поддржиме нашите партнери на западниот Балкан, Комисијата предлага да ја зголеми претпристапната поддршка на 12,9 милијарди евра, стои во предлог буџетот на Европската Комисија за периодот 2021-2027.

Меѓутоа документот не прецизира дали оваа помош се однесува само на западниот Балкан или дали тука е вклучена и Турција, како што е секогаш случај кога станува збор за средствата за земјите од проширувањето.

На прашање на МИА на денешната прес конференција дали Турција е вклучена во овие средства, еврокомесарот за буџет, Јоханес Хан рече: – „Во последните неколку години имаше суштински промени во алокацијата (на средства) за земјите кандидати, посебно во однос на Турција и ова на некој начин се антиципира во предлогот, така што моето разбирање е дека земјите од западниот Балкан ќе добијат повеќе отколку во тековниот период“.

Средствата од тековната буџетска рамка на ЕУ (2014-2020) посветени на проширувањето, или ИПА 2, изнесуваат околу 11,7 милијарди, додека во претходната рамка (ИПА1 ) изнесуваа околу 11,5 милијарди. Овие бројки, се разбира ја вклучуваа и Турција.

Останува нејасно како ќе се распоредат овие претпристапни средства и
како западниот Балкан ќе добие „повеќе“ за периодот 2021-2027 отколку во тековниот, бидејќи за сега нема детали конкретно за предлогот што се однесува на проширувањето.

Од Европската Комисија за МИА велат дека идната недела еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, ќе одржи прес конференција на која ќе бидат презентирани деталите од буџетот кои се однесуваат на соседската политика и политиката на проширување.

Во меѓувреме, експертите поставуваат и други прашања. Имено, начелниот предлог на Европската Комисија, изготвен во 2018, за претпристапните средства предвидувал 14,5 милијарди евра за ИПА 3, објаснува за МИА Билјана Спасовска од Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и специјалист за ИПА фондовите.

–Бидејќи документот ги посочува само земјите од Западен Балкан а претпристапната помош ја опфаќа и Турција, не е целосно јасно дали и за колкаво зголемување се работи, особено што до сега не знаеме какви ќе бидат алокациите според земји, вели Спасовска.

Таа за МИА дообјаснува дека според документите од ЕУ институциите се предвидува следните фондови за земјите од проширувањето да бидат распоредени на „фер начин“ помеѓу земјите.

Засега, ИПА фондовите се трошат согласно „перформансот“ на државите.

Што поефикасно една земја ги користи средствата, толку повеќе и добива.

Советот на ЕУ, вели Спасовска, соопшти дека во иднина ќе се делат овие средства на поправеден начин, но за сега деталите не се познати. Дали средствата ќе се алоцираат за секоја држава индивидуално? Според која логика? Овие прашања остануваат неодговорени за сега, во исчекување на прес на комесарот Вархеји.

Средствата од ЕУ за западниот Балкан ќе можат и да бидат намалени во случај на недостаток на реформски напредок.

Комесарот Хан денеска инсистираше на фактот дека за Комисијата, и за него лично како поранешен комесар за проширување, на западниот Балкан ќе му се посвети посебно внимание и инсистираше дека регионот “ќе добие повеќе“ од претходните буџети.

Предложениот буџет на ЕУ за периодот 2021-2027, вклучително и средствата за регионот, треба допрва да се најде на преговарачката маса на Советот и на Парламентот на ЕУ каде несомнено ќе претрпи измени.

Овие две институции потоа треба да дадат зелено светло за усвојување на буџетот.

актуелно ЕК предлог проширување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.