Електорите ја потврдија победата на Трамп

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, ја доби денес поддршката од најмалку 270 електори, со што е потврдена победата на претседателските избори што се одржаа на почетокот на ноември годинава.

Приврзаниците на кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон, се надеваа дека електорите можат да ги изневерат гласачите по сојузните држави и да не гласаат за Трамп, но се случи обратното…некои електори кои требаше да гласаат за Клинтон, гласаа поинаку.

trump-vs-clinton

За победа на претседателските избори потребна е поддршка од 270 од вкупно 534 електори.

Според резултатите од ноемвриските избори, Трамп има 306 електори.

Трамп обезбеди повеќе од 270 електори на гласањето на електорското Собрание направено во повеќе сојузни држави.

Со гласовите во Тексас, републиканскиот кандидат ја помина границата од 270 електори, а до крајот на денот би требало да биде завршено гласањето и во останатите сојузни држави.

Former Democratic Presidential Nominee Hillary Clinton Delivers Remarks After Election Night Loss

Медиумите истакнуваат дека во повеќе сојузни држави беа организирани протести за да биде извршен притисок да не се гласа за Трамп, со аргументи дека Клинтон добила преку 2,5 милиони гласови повеќе од Трамп на национално ниво и дека разузнавачките служби заклучиле дека Русија со хакерски напади ја потпомогна победата на републиканецот.

Првата отстапка е забележана во сојузната држава Мејн, каде што еден од тројцата електори, кои би требало да гласаат за Клинтон, гласаше за Берни Сандерс, кандидатот кого Клинтон го порази на внатрепартиските избори.

Во државата Вашингтон каде, исто така, дванаесете електори би требало да сигурно да гасаат за Клинтон, четворица од нив ги дадоа гласовите за други кандидати.

Тоа е првпат во последните 40 години електорите во Вашингтон да не гласаат според резултатите од гласањето.

И во Минесота еден електор одби да гласа за Клинтон.

Не е јасно зошто Мухамад Абдурахман не гласаше за Хилари Клинтон, иако тој беше делегат на Берни Сандерс на конвенцијата на Демократската партија.