Десетици технолошки компании, вклучувајќи ги Епл, Гугл и Фејсбук, се спротивставија на забраната за влез во САД која претседателот Доналд Трамп ја воведе за патниците и доселениците од седум земји во кои населението е повеќето муслиманско, тврдејќи дека таа одлука штети на нивната работа.
Во документот поднесен до првостепениот Апелациски суд во Сан Франциско се наведува дека забраната „ја попречува можноста американските компании да привлечат големи таленти, ги зголемува трошоците наметнати на компанијата, им отежнува на американските фирми да бидат конкурентни на меѓународниот пазар“.
Поднесокот го потпишаа 97 компании, меѓу кои и Убер, иБеј и Нетфликс.
Емигрантите прават многу од најголемите откритија во земјата и ги создаваат некои од најиновативните компании. Искуството и енергијата на луѓето кои доаѓаат во нашата земја да бараат подобар живот за себе и своите деца, да го исполнат „Американскиот сон“, вткаени се во социјалната, политичката и економската структура на народот“, Епл, Гугл, Фејсбук, иБеј …..
Компаниите наведоа дека забраната ќе ги наведе компаниите своето работење да го градат надвор од САД, како и дека ќе се уништи претприемничкиот дух кој го покренува американскиот бизнис.
Трамп на крајот на јануари забрани влез во земјата за сириските бегалци, а тримесечна забрана за издавање на американски визи е воведена за државјаните на Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан и Јемен.
Американскиот сојузен судија во Сиетл, Џејмс Робарт времено ја блокираше извршната уредба, која предизвика протести ширум САД, но и во други земји.
Апелацискиот суд го отфрли барањето на администрацијата на Трамп неговата уредба итно да се врати на сила и побара од Вашингтон да приложи уште аргументи.