Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕП бара преговори со Македонија во јуни 2019 – за Грција тоа е “лудило”
Македонија

ЕП бара преговори со Македонија во јуни 2019 – за Грција тоа е “лудило”

ноември 29, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со исклучок на неколку екстремистички гласови од Грција и Бугарија, огромното мнозинство европратеници синоќа на дебатата пред гласањето за извештајот за Македонија побараа старт на преговори за членство во ЕУ во јуни, но потсетија дека земјата мора да продолжи со исто реформско темпо.

Известувачот Иво Вајгл, но и други европратеници потсетија дека не само Македонија, туку и Европската Унија треба да ги исполни своите ветувања во евроинтегративниот процес. Тој како и многумина други го поздрави Преспанскиот договор и повика тој да биде комплетиран во македонското Собрание и порача дека верува дека преговорите со ЕУ ќе започнат во јуни 2019.

„За ова потребна е инклузивна демократска атмосфера, сите треба да соработуваат, треба да се модернизира судскиот систем, да се почитува владеењето на правото, да се создаде простор за слободни медиуми, да се заштитат новинарите и да се води ефикасна борба против корупцијата и организираниот кримина, порача Вајгл.

Еврокомесарот Хан истакна дека земјата се врати на евроатлантскиот пат и ги поздрави изгласаните уставни измени нарекувајќи ги храбар чекор кој очекува да продолжи без одлагање.

„Важно е реформскиот момент да се продлабочи во интерес на граѓаните, изјави Хан потсетувајќи на трите услови запишани во заклучоците на Советот на ЕУ од јуни – независно судство и борба против корупција, контрола на разузнавачките и безбедносните служни и реформата на јавната администрација, реформи без кои преговори не можат да бидат доделени.

Тројца пратеници од Романија, која го презема претседателството со ЕУ од први јануари 2019, силно поддржаа почеток на преговори со Македонија и изразија жалење што досега тоа не се случило.

-Македонија е земјата кандидат со најголем степен на усогласеност со европското законодавство, изјави Виктор Боштинару.

Кристијан Дан Пред од ЕПП ја повика Грција на повеќе разбирање кон Македонија особено по острите критики на неколку грчки пратеници како Софиа Сакорафа која изјави дека нема да го поддржи извештајот на Вајгл за Македонија.

„Преспанскиот договор не е изводлив, изјави таа порачувајќи дека уставните измени го нарушуваат договореното.

Константинос Пападакис од Комунистичката партија, пак, порача дека извештајот на Иво Вајгл е „прекршување на ЕУ“ и дека претставува „потклекнување пред големиот капитал за интересите на европските монополи“.

-Земја која до вчера не беше подготвена, сега преку ноќ стана подготвена, ова е лудило, изјави Пападакис и потврди дека ќе гласа против извештајот.

Претставничката на австриското претседателство, Каролин Едстадлер, од своја страна, слично како и комесарот Хан потсети на преостанатите реформи кои се потребни за почеток на преговори и повика да се најде начин да се обезбеди непрекинато работење на СЈО.

„Земјата надмина длабока политичка криза и дури во тешки политички моменти Владата презема тешки чекори да ја врати културата на компромис и и пружи рака на опозицијата покажувајќи искрена желба за реформа на инклузивен и транспарентен начин.

Не изостанаа пораките до Унгарија за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски.

Известувачот Иво Вајгл оцени дека одобрениот азил претставува „неприфатливо мешање“ од страна на унгарските власти.

-Загрижен сум за случајот со Груевски, Унгарија мора веднаш да го врати, со ова Унгарија прави опасен преседан, изјави Романецот Боштинару.

Преда ја обвини Унгарија дека станала „земја на азил за корумпирани луѓе“ цитирајќи романски случаи.

„Тоа што Орбан го направи не е поддршка на Македонија, изјави Преда.

Европратеникот од унгарски Фидес, Ласло Токес, изјави дека Унгарија продолжува да го поддржува проширувањето кон Западниот Балкан, вклучително и Македонија.

„Го отфрламе тоа што социјалистите и зелените го користат случајот со Груевски за идеолошки напад врз Унгарија, изјави Токес алудирајќи на амандамните за кои ќе се гласа денеска.

Тој порача дека унгарскиот потег најдобро се разбира во контекстот на „миграциските активности и лобирањето на Сорос“.

„Давањето азил беше согласно законска процедура, и секој ќе се согласи дека се потребни дополнителни напори за да се заштити судството од политичко мешање, рече Токес.

актуелно Еп македонија преспа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.