Ердоган забрани тргување со криптовалути

Во претседателскиот декрет којшто денес стапи на сила во Турција трговијата со криптовалути е категоризирана како „финансирање на тероризмот и перењето пари“.

Декретот е издаден после забраната за тргување и плаќање со криптовалути затоа што тие трансакции, како што се наведува во образложението, се исклучително ризични, пренесува АП.

Во последно време криптовалутите се повеќе ги привлекуваат турските државјани заради падот на турската лира и двоцифрената инфлација.