Ердоган: Холанѓаните и Германците се фашисти!

Беснее дипломатска војна, Турција и Холандија протеруваат министри, Ердоган се заканува, падна и холандското знаме

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган се закани денес дека Холандија „ќе плати“ откако ја протера турската министерка за семејство, Фатма Бетул Сајан Каја од својата земја.

„Тие сигурно ќе платат цена и, исто така, ќе научат што е дипломатија. Ќе ги науќиме на меѓународна дипломатија“, рече Ергодан во Истанбул.

„Еј Холандијо, ако ги жртвувате турско-холандските односи поради изборите во среда, ќе платите“, додаде тој.

Ердоган вели дека со право ја обвинил холандската влада за нацизам и фашизам. Велејќи дека само такви режими им забрануваат на министрите за надворешни работи да патуваат надвор од границите на своите земји.

„Реков дека мислев дека нацизмот е завршен, но не бев во право. Нацизмот живее на Западот“, изјави претседателот на Турција.

erdogan 1

И турскиот премиер Бинали Јилдирим порача дека ќе бидат применети „најсилни противмерки“ и дека ќе одговори на „најгруб можен начин“ откако турската министерка е исфрлена од Холандија.

holandija 1

Холандија прво одби да издаде дозвола за слетување на авионот на турскиот министерстер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој сакаше да присуствува на собирот, а потоа и оневозможи на турската министеркавлез во конзулатот на таа земја во Ротердам и после тоа „ја испрати“ до границата.

„Бевме изложени на грубо постапување. Однесувањето кон жена министер на овој начин е многу грозно“, им изјави Каја на новинарите на истанбулскиот аеродром, каде што илјадници луѓе ја дочекаа виорејќи турски знамиња.

erdogan 2

Премиерот Јилдирим ги повика Турците во Германија и Холандија мирно да реагираат на инцидентот кој го предизвикале оние кои во секој момент зборуваат за демократија, слобода на изразување и човекови права. Пред турскиот конзулат во Ротердам вчера имаше повеќе стотици лица кои извикуваа зборови на поддршка на турскиот претседател и вееја турски знамиња.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вели дека одлуката на холандските власти да забранат на неговиот авион да слета во Ротердам е „неприфатлив скандал“ и се закани дека Анкара ќе и одговори на Холандија онака како што таа држава заслужува.

„Ќе им дадеме одговор како што заслужуваат“, порача Чавушоглу.

holandija

Холандската полиција користеше рано утринава кучиња и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и шишиња.

Министерката за семејство е спречена да влезе во конзулатот на Турција во Ротердам, поради што на Твитер напиша дека светот мора да заземе став во името на демократијата и против овој фашистички акт, додека беше на пат кон германската граница, додавајќи дека такво однесување кон „женско министер“ никогаш не може да прифати.

Таа е прогласена за непожелна и приведена за да биде спречена да се обрати на собирот во знак на поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Ротердам.

holandija 3

Холандија утринава порача дека обидот на турската министерка да учествува на собирот е „неодговорен“.

Турската власт се обидува да лобира кај Турците кои живеат во странство за проширување на овластувањата на претседателот Ердоган на претстојниот референдум.

holandija 2

Министерката Каја на Твитер објави дека вчера била застаната на триесетина метри од турскиот конзулат, но и пред тоа на холандската граница. По неколку часовната пат-позиција помината во автомобил на улицата, пред конзулатот, холандските власти ја повикале да ја напушти земјата, ја префрлиле во друго возило и ја одвеле до германската граница. После тоа со приватен авион одлетела за Турција.

Како одговор на тоа, Министерството за надворешни работи на Турција му соопшти на холандскиот амбасадор во Анкара, кој во моментов е на одмор, дека не мора да се враќа „уште некое време“.

 

Симнато холандското знаме во Истанбул

Протестанти денес како одговор на растечките тензии меѓу двете земји се собраа пред холандскиот конзулат во Истанбул и го симнаа холандското знаме, а потоа го подигнаа турското.

holandija 5

Холандија, како и Германија и Австрија, зазеде став дека не дозволува на турските политичари да одржуваат митинзи на својата територија со цел собирање за поддршка за претстојниот референдум во април на кој претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, сака да ги прошири своите овластувања, што предизвика остри реакции кај турските официјални лица.

Ердоган и Холанѓаните и Германците ги нарече фашисти.

 

Руте: Ќе сториме се да ја намалиме конфронтацијата

Хонадскиот премиер Марк Руте изјави денес дека ќе направи се за да се намали дипломатската конфронтација со Турција

rute

„Никогаш порано не сум доживеал такво нешто, но ние не сакаме да бидеме мудрата страна“, изјави Руте.

„Ако тие ја интензивираат (конфронтацијата) ние ќе мораме да одговориме, но ќе направиме се што е во наша моќ да ја намалиме (конфронтацијата), додаде премиерот на Холандија.