Ердоган ја „крена“ армијата: „Ќе ги нападнеме курдските милитанти со сите сили“

LinkSense.mk

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави денеска дека Турција ќе изврши напади на курдските милитанти со сите расположливи средства, откако возвратните удари меѓу турските сили и курдската милиција ескалираа долж сириската граница.

Ердоган рече дека турските сили веќе неколку дена со авиони ги напаѓаат курдските терористи на северот на Сирија, а дека целта е да ги елиминираат што поскоро и со тенковски напади и копнени сили.

Турција соопшти дека сириската курдска милиција вчера убила три лица во минофрлачки напади од северна Сирија, после турските операции против милитантите во текот на викендот.

Оваа акција уследи по бомбашкиот напад во Истанбул на 13 ноември, во кој загинаа шест лица, за што Анкара ја обвинува забранетата Курдистанска работничка партија и курдските групи во северна Сирија поврзани со неа.

Сириските демократски сили предводени од „милицијата“ објавија дека во последните денови во турските напади загинале 15 цивили и борци.

Турција во последните години започна неколку големи воени операции против милитантите на Курдистанската работничка партија.