Ерусалим: Евакуирани две населби поради пожар

Голем пожар изби во предградието на Ерусалим заради што се евакуирани луѓето од населбите Хахамиш и Јад Хашмон, соопшти полицијата.

Во соопштението се наведува дека автопатот од Ерусалим кон Тел Авив е затворен заедно со железничката линија која ги поврзува двата најголеми града во Израел.

Сеуште нема податоци за причините за пожарот кој се шири кон шумата недалеку од населените области надвор од Ерусалим.

 

 

(Фото: АП)