„Ер Франс“ ги зголеми платите и дава бонус

LinkSense.mk

Авиокомпанијата „Ер Франс“ соопшти дека до средината на следната година ќе ги зголеми платите на сите категории на персонал за вкупно пет проценти и ќе им исплати на вработените бонус од 1.000 евра.

Првото зголемување од 2,5 отсто треба да биде во ноември.

Францускиот авиопревозник зголемувањето на платите го најави во пресрет на преговорите за платите следната година.

Мерките се дел од напорите на компанијата да им помогне на работниците да се справат со високата инфлација, соопшти компанијата.

Платите ќе бидат зголемени за два отсто во ноември, потоа за 2,5 отсто во февруари, а дополнително зголемување од 0,5 отсто ќе има во мај.