Етна исфрли необични облици на чад

Најопасниот европски вулкан еруптираше најсилно во последните триесет години.

Видеото снимено само половина час пред ерупцијата забележа необичен облак од чад, редок феномен кој се поврзува со гас, пареа и форма на вулкан.

Во текот на ерупцијата десетина дена Етна исфрлаше лава речиси 200 метри во височина.

Најголемиот европски вулкан проработи последен пат кон крајот на февруари, а вулканолозите тогаш ерипцијата ја окарактеризираа како експлозивна, што значи дека лавата е пепелта од кратерот се исфрлаат со голема јачина.

Последната ерупција ја забележаа и астронаутите од Меѓународната вселенска станица.

Etna_erupts

Етна на Сицилија се наоѓа во речиси непрекината активна состојба, што значи дека често ги менува облиците во однос на кој било друг вулкан.

Со Везув во близина на Неапол, Етна, висок 3.300 метри, е еден 16 вулкани на светот означен од страна на Обединетите нации како „Decade Volcanoes“, односно за вулкан кон кој се пристапува посебно студиозно, поради зачестените активности и густината на населението кое се наоѓа во близина.