„Еурактив“: Бугарија се обидува да ја смени тактиката кон Скопје

Бугарија се обидува да ја смени тактиката кон Скопје, откако земјата во декември го блокираше патот на Северна Македонија кон Европската унија, а вчера бугарската министерка за надворешни работи му го презентираше на специјалниот пратеник на земјава за Бугарија Владо Бучковски Акцискиот план за соработка во имплементација на Договорот за добрососедство, пишува бриселски „Еурактив“.

Бугарскиот документ, кој се однесува на сите секторски министерства, ќе биде разгледан од властите во Северна Македонија. Како што изјави Бучковски за МИА во периодот што следува нашата работна група ќе ги разгледа коментарите, кои пристигнаа од Бугарија на нашиот предлот Акциски план и ќе биде изградена јасна позиција,

Од бугарска страна, додава „Еурактив“, ќе бидат разгледани предлозите во нашиот Акциски план, а потоа двете влади треба да дадат одобрување и тоа би се случило на претстојниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија.

Дипломатски извори за „Еурактив“ велат дека Софија има предлози поврзани со железниците и инвестиции на бугарски компании во Северна Македонија.  Во планот, според истите извори, има и предлози за отворање филијали на бугарски универзитети во Северна Македонија, а опфатени се и учебниците по историја.