ЕУ: Грција мора да ја запре илегалната депортација на бегалците

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска изјави дека грчката Влада мора да ја запре илегалната депортација на бегалците кои доаѓаат во земјата.

Таа истакна дека извештаите за одвраќање на бегалците на море и на копно и за кршење на основните европски вреднисти се „многу засновани“.

Претходно, беше објавена видео-снимка на која се гледа како екипаж на грчката поморска патрола одбива да помогне, дури и пука врз чамец со мигранти.

Организациите за заштита на човекови порава тврдат дека илјадници бегалци кои бараат азил во Европа, префрлени се од Грција иво Турција пред да поднесат барање за азил, додека Атина ги негира таквите наводи.