Е, па, доста е!

Мислам дека е крајно време да се запрашаме дали конечно нам, во оваа држава, ориентир ќе ни биде правдата, ама онаа вистинската, неселективната?…

Или можеби, се ни е тоа неважно…

Дали навистина е можно дека мазохистички и понатаму ќе ја трпиме и толерираме селективната правда? До кога?…

Очекувам претставниците на државниот врв да престанат да молчат за пораките за нанесената неправда кон кого било во државава…

Се што се случува погрешно во едно општество е продукт на некоја неправда. Меѓутоа, на неправдата не треба да се одговори со друга неправда, неправдата се гаси со правда.

Не знам зошто, ама многу работи во судот и обвинителството ми изгледаат толку перверзно и орвеловски застрашувачко…

Јас нема да кукам и да се јадосувам до бесвест. Се ова што ми се случи, само ми даде уште повеќе сила да продолжам да се борам со сите можни механизми кои ги имам на располагање.

Знам дека секој пат во животот е тежок. Но јас имам сила и ќе одам до крај. Со крената глава. Тоа е мојот избор.

И немојте бе пријатели, Ве молам, повеќе да ми зборувате дека тука не можеме ништо да сториме…

Можеме и тоа како можеме!…

Една поговорка вели: Понекогаш полесно е да најдеш роза во пустината отколку правда на земјата.

Навистина е така… Но, мораме да ја најдеме!…

Секоја ексцентричност, секоја мистификација и се што е последица на суетата или неснаоѓањето, мене воопшто не ми е драго да го гледам…