Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мала бара, полна крокодили
Томислав Колумни

Мала бара, полна крокодили

јануари 24, 2022Updated:јануари 24, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Цинизам, лицемерие и популистички шичарлак се само некои од квалификациите со кои може да се оквалификуваат овдешните политички актери.

Шака бедници и политички курварлук е сликата на политичката реалност.

Лажењето не било никогаш толку раширено. Ни волку безпризорно, систематско, константно. Лажат, бе, сушат, се живо и диво… Лажат за се од ред.

Се им е слободно и лесно за изговарање без ни трунка морална или каква било друга одговорност за искажаниот збор. Подготвеноста да ве излажат стана водечка одлика во политиката.

Со години ни продаваат лаги како вистина. Тие ги убедија луѓето повеќе да им веруваат на своите уши, отколку на очите, велејќи им: ништо не е како што се случило, туку е онака како што јас ти кажувам дека било.

Луѓето не се способни да размислуваат критички. Слушаат само што сакаат, а секакви глупости можат да му се допаднат на сиромашниот, гладниот и осамениот.

А, што е лагата поголема, што поодвратна и што е посурова, луѓето полесно ќе ја прифатат и ќе тргнат по неа.

Велат од лаги никој не умрел… И, да, навистина е тоа така. Но, умира пријателството, довербата, човечноста…

Човекот вреди колку и неговиот збор. Во него се наоѓаат вредностите, неговите соништа и срцето. А, кога зборот не ги следи делата, нема човек.

Политиката е сериозна работа за сериозни луѓе, мора да нуди квалитетни решенија за општествено-економската заедница и никако не смее да биде приземна и анархистичка. А, ние денес, за волја на вистината, имаме „стенд ап“ политиканти.

Од јавната сцена направија валкано мочуриште во кое се е дозволено – навредување, лажење, пцовки и етикетирање… Тоа е моделот кој ни го „продадоа“.

Го уништија критичкото размислување и створија подлога на која успева секоја измама.

Може ли некој да се занимава со политика, да помине низ тоа мочуриште, а да остане чист, неизвалкан, просто речено пристоен и одговорен? Во ваква консталација, каква што е сега, чинам, не може…

Директори, советници на директори, раководители на сектори, државни службеници… На сите нив им е важна само позицијата, платата, бенифициите, а за народот ги заболе онаа работа. Политички марионети, кукавици, паразити, лицемери… Не знае човек која лоша деноминација да ја одбере со која би го нарекол начинот на делувањето на политичките актери кои опстануваат како одраз на нашата граѓанска волја.

Сета таа булумента од полтрони и дилетанти ги интересираат само пари. Луѓе со егоцентричен ум, мајстори на вербалниот садизам и цинизам. За јота не се разликуваат од оние пред нив.

Систематски овој смет се позиционираше на раководни позиции оти некому му подариле „ауди“, онакво од големите, или „бмв“, или „ренџ ровер“…

Заштитени како мечки, со својата стручност вешто манипулираат и во склад со нивните потреби ги прилагодуваат законските решенија, сите до едно.

Јавноста знае и понекогаш расправа за политичките механизми за грабеж на општествените добра – за политичките рекетирања на претприемачи, ама тие, надлежните, што треба да ги решаваат тие проблеми не знаат или слушнале ама демек немаат докази, „нису из одавде“. Сите се прават мутави, а се знаат. Прогледуваат низ прсти. А, тоа, се разбира, чини пари.

Колку тешки зборови паѓаат, навреди и изговорени бесмислици од страна на партиските телали за со право да се запрашате кој се се занимава со политика.

Некогаш едни на други си изрекуваат толку многу обвинувања што на моменти очекувам во најмала рака да дојде цел вод на специјалната полиција за сите, фило лепо, да ги спроведат во Обвинителство на распит. Половина како обвинети, а половина како сведоци.

Од тоа се разбира нема да има ништо, затоа што во суштина се се сведува на политичка борба, собирање на некакви поени кај избирачите, така што ќе го извалка оној „другиот“, што не е од „наша“.

Ако сте еден од ретките кои ќе оставите впечаток на пристоен човек кому може да му се верува, кој сака и може да ги реши проблемите, нема да се вклопите во класичниот стереотип, и станувате мета на политички мешетари, злобници и профитери, кои по секоја цена ќе сакаат да ви го извалкаат образот, и да ја разбијат перцепцијата во јавноста за вас како некој кој навистина се обидува да се издигне над таа „збирштина“.

Политичките борби меѓу „нашите и „вашите“, „станаа војна меѓу доброто и лошото, а војната бара безусловна поддршка за водачот на племето“. Ако кажете нешто лошо против „вашите“, тоа значи дека сте предавник, а предавниците треба да бидат „протерани“.

Не гледаат на вас како на некој на кого, заради својата чесност и одлучност да влезе во костец со се што не е законски, можат да се потпрат во иднина.

Кај нас оној кој ќе каже дека два и два се четири е – опасен човек. Му се верува на оној кој вели дека два и два се седум, затоа што седум е повеќе од четири.

Ова, веројатно не е време за луѓе со душа и со знаење.

Вистинскиот критички ум не познава залетување, како начин на средба со светот, но отсуството на размислување и реално согледување на стварноста има длабоки корени на нашите простори.

Во координатниот систем на општественото уредување ги нарушивме вредносните постулати. Елитизмот од исконски тип го поставивме на чело на општествено посакуваниот модел на постоење. Нашето социјално опкружување е исполнето со професионално, да ми простите на израз, „курчење“ на егоцентрични идиоти. Луѓето со кои некогаш се подбивавме денес се некоја фаца – некој фактор во државата.

Демистификацијата на тој идиотизам и „курчење“ боде очи, и наскоро сите би требало на појдеме на проверка на диоптријата.

Лажењето како политичка алатка не е ништо ново. Николо Макијавели уште во 16 век го советувал владетелот да се обиде да биде чесен, но да лаже во моментите кога со изговарање на вистината би ја „загубил предноста“. Луѓето не сакаат да ги лажете, сметал тој, но „оној кој мами секогаш ќе ги најде оние кои ќе ги измами“.

Марксистичката филозофија го воведува поимот „лажна свест“ за да ја означи неможноста нештата да се согледаат онакви какви што се, што особено важи за општествените односи и односите на експлоатација.

Состојбата на лажна свест може да биде последица на начин на живот, а се карактеризира со закоравениот тип на ропство кое не може ни да ја согледа сопствената ситуација. Излезот од оваа ситуација е да се „подигне свеста“.

И се додека се тие одраз на „нашата“ политичка волја – гласот на разумот треба да го бараме во сопствените, а не во нивните глави.

Решението за сеопштата агонија не се наоѓа во рацете на политичарите, тоа е во рацете на полнолетните граѓани кои го користат или не го користат своето уставно – граѓанско право да гласаат и да бидат избрани. Да престанеме еднаш засекогаш да манипулираме со незнаењето на кој било дел од општествената заедница; без разлика дали се работници, пензионери или млади луѓе.

Истакнувањето себе си во прв план во однос на сите политички фактори, во однос на потребите на граѓаните, работниците, локалното стопанство и стопанствениците не е решение за Скопје, за Битола, Велес, Штип, па и за Росоман или Ново Село, за државата воопшто…

Веројатно и на птиците на гранките веќе им е доста од плебисцитарната приказна на овдешните политичари – општествени актери, како тие се залагаат за демократски вредности, за доброто на сите граѓани, за привлекување странски и домашни инвеститори, за ова, за тоа, бла, бла, бла…

Сите иднини имаат една голема доблест, никогаш не изгледаат онака како што вие ги замислувате. И во политиката никогаш не се знае со сигурност како ќе се развиваат работите, но дефинитивно е крајно време овдешната политичка баруштина барем малку да се разбистри.

Тука ќе треба многу, ама навистина многу време за таа валканица да се измие, колку толку да се исчисти и да се стави во ред. И дури тогаш ќе има надеж дека другите работи ќе се подобрат. Ќе мора, со време, бидејќи секоја друга опција е губитничка за сите и не нуди никаква перспектива.

Кој високо стои, повеќе се плаши од ветрот, оти ветрот не можете да го врзете. А, ветрот, е тој ветар сме сите ние, оние повеќебројните…

Најголемо злосторство е да го лажеш некој кој секогаш бил искрен со тебе. Лагата, да, има брзина, но вистината има издржливост.

измама лага мочуриште политика политичари
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Венс: Не смееме американската надворешна политика на Блискиот Исток да ја подредиме на израелските интереси

септември 16, 2026

Нов бран апсења во Турција поради наводна измама и корупција во општини управувани од опозицијата

март 30, 2026

Комитетот за надворешна политика на ЕП утре ќе разговара за извештајот за стратегијата за проширување на ЕУ

јануари 27, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.