Заврши првото издание на „The Park Festival“ во Гостивар

Со настапите на Елина Дуни и Сашо Поповски трио, синоќа заврши првото издание на „The Park Festival“.

На шестдневниот фестивал кој започна минатиот викенд, на три сцени гостуваа реномирани музички уметници од земјава и од странство.

Последната фестивалска вечер со џез музика беше организiрана на платформа над реката Вардар.

Пред почетокот на програмата, министерот за култура Хусни Исмаили во обраќањето пред присутните истакна дека фестивалот со својот меѓународен предзнак е важен за збогатувањето на културниот простор.

„Гостувањето на познати музички имиња на фестивалот се најдобра потврда дека во чекор се следат актуелните трендови. Енергијата која беше пренесена на концертите наменети за сите возрасни групи и музички вкусови, се само уште една потврда за отворањето на нови перспективи во развојот и збогатувањето на културниот простор не само во Гостивар, туку и во нашата земја“, рече министерот Исмаили.

Тој додаде дека ентузијазмот на артистите се во насока на изградбата на мостови меѓу културите и дека безрезервно ја дава неговата поддршка за реализација за вакви културни настани.

Вториот дел од шестдневниот фестивал започна во петокот со три рок
концерти.

На сцената во градскиот парк гостиварци има можност да ги
проследат настапите на Џерико (Jericho), К’пурдат (Këpurdhat), и Сарита и Д
бојз.

Во саботата, љубителите на електронската музика на ги проследија
настапите на ди-џејите Мартин Стиминг, Интелект ака Јертон, Сир Фикс и
Редон Роби.

„The Park Festival” започна минатиот викенд 26, 27, 28 јули.

На првата вечер
настапија Mc Kresha&Lyrical Son, ден потоа фестивалот продолжи со
настапите на “Ареа” и “Offchestra“, а првиот дел заврши со настап на
локални диџеи: Vig Shpuza, Cass и D’On.

„The Park Festival” се одржува по прв пат и организаторите најавија дека
неговата реализација чини околу 70 илјади евра, од кои 50 илјади евра
финансира Министерството за култура во рамките на годишната програма,
а остатокот се од Општина Гостивар и сопствени средства.

Според
програмата и учесниците, фестивалот има мултиетнички карактер и се
одржува во период во кој иселениците доаѓаат во родниот крај.