Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Завршуваат подготовките за „Пивофест 2019“
Настани

Завршуваат подготовките за „Пивофест 2019“

јули 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Завршуваат подготовките за утрешниот почеток на 17. „Пивофест 2019“. Се поставува главната бина која до крајот на денот ќе биде готова, а се уредуваат и штандовите за пиво и скара.

Фестивалот ќе трае од 18 до 21 јули.

Како што рече на денешната прес-конференција градоначалникот Илија Јованоски, нема дилеми дека Прилеп ќе има уште едно успешно издание на „Пивофест“.

„Безбедноста е на задоволително ниво и во овој момент не постојат никакви пречки за успешна организација на „Пивофест“. Убеден сум дека сите посетители, нашите сограѓани и гостите од другите градови и држави, ќе имаат добра забава. Годинашниов Фестивал ќе биде поразличен од досегашните, зашто ќе има дополнителни програми. На алтернативни места и сцени ќе има музички настани кои ќе бидат на високо ниво и верувам дека на крајот, во недела навечер, сите ќе заминеме задоволни од она што се случувало изминатите четири денови“, истакна Јованоски.

В.д директорката на прилепски „Комуналец“, Ирена Станкоска, нагласи дека претпријатието е максимално подготовено да ја одржува чистотата за време на Фестивалот.

„И покрај неповолните временски прилики, ЈКП „Комуналец“ целосно ќе одговори на потребите на Фестивалот. Забрзано се работи и веќе е при крај средувањето на сите влезови во градот, а максимално ќе одговориме и на потребите на кампот во Паркот на револуцијата. Во текот на сите фестивалски денови ќе работиме непрекинато. Во центарот на градот ќе бидат ангажирани 70 вработени во јавното претпијатие. Со работа ќе почнуваме во три часот наутро и најдоцна до осум часот, централното
градско подрачје ќе биде комплетно исчистено и уредено“, нагласи Станковска.

„И Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе одговори на сите барања за време на фестивалот“, рече директорот Емил Јанески.

„Изградени беа водоводни и одводни линии до секој штанд, а  комплетирани се и екипите што ќе бидат на теренот 24 часа за отстранување на секој проблем кој евентуално би се појавил за време на одржувањето на манифестацијата“, рече Јанески.

Раководителот на секторот за паркинзи и јавен градски превоз при ЈП ПУП, Илија Иваноски, истакна дека оваа година се воведува нов принцип на паркирање на возилата.

„Сите возила што ќе дојдат за време на „Пивофест“ ќе бидат паркирани на периферијата на градот за да се растовари централното градско подрачје, а не како досега тие да се паркираат во центарот на градот. На тој начин, послободно ќе може да функционира и градскиот сообраќај, но и возилата на Итната медицинска помош, на полицијата и на противпожарната единица, додека во договор со основните и средните училишта, ќе ги користиме и нивните паркинзи“, напомена Иваноски.

Во четирите фестивалски дена ќе настапат познати музички изведувачи од земјава и од регионот. „Пивофест“ ќе почне со настапи на „Прилепски еснаф“, дуетот Селимова-Желчески, Ѓорѓе Давид и Ивана Негатив, а вечерта ќе заврши со настапот на рок-групата „Галија“. В петок, на 19 јули ќе настапат Ален Хасановиќ, Милер Кузманоски, Кантурови и на крајот Светлана Ражњатовиќ-Цеца.

В сабота на 20 јули термините се резервирани за „The Hounds“, Влатко Стефановски-трио, Фрајле, а в недела, на 21 јули, на последниот ден од Фестивалот настапуваат „Бен Хур“, „Кал Бенд“ од Блеград кој изведува џипси-рок низ цел свет.

Ќе настапи и балканската ѕвезда Даниела Мартиновиќ и на крајот е настапот на „Cyrillic“.

На Фестивалот ќе има преку 20 штандови, а се ќе биде поставено на повртшина од 4.131 метар квадратен.

„Пивофест 2019“ подготовки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Концертот на Дејвид Гета ќе го блокира центарот на Скопје

септември 7, 2026

Македонските ракометари ги стартуваа подготовките за СП

декември 23, 2024

Јуни е време за „Јуниор деј“ на „Спорт лајф“

јуни 12, 2023
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.