Завршува манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

LinkSense.mk

Со спуштање на знамето на Крушевската Република на Гумење, вечерва во Крушево ќе бидат затворени Научнокултурните средби „10 десет дена Крушевска Република“.

На завршницата на манифестацијата концерт за посетителите ќе одржи Викторија Лоба.

Синоќа, деветтиот ден од Манифестацијата, го збогатија триото „Шербет“ и Ди-Џеј Галоски со забава во градскиот парк во Крушево.

Во десетте дена на одржувањето, манифестацијата понуди бројни настани на повеќе локации во градот, меѓу кои и пречек на илинденската коњаница, чествување на 2 август – Илинден, промоции на книги и одржување на концерти, театарска претстава и трибина.