Загадениот воздух предвреме умре 238.000 Европејци во 2020-та

LinkSense.mk

Најмалку 238.000 луѓе во Европската унија прерано починале во 2020 година поради загадениот воздух, и покрај тоа што квалитетот на воздухот генерално се подобрува, покажуваат најновите податоци на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Аналитичарите на агенцијата истакнуваат дека загадувањето на воздухот е „најголемиот здравствен ризик во Европа и дека значително влијае на здравјето на Европејците, особено во градовите“; и покрај тоа што најголемите загадувачи ги намалија своите емисии.

Според податоците на ЕЕА, најмалку 238.000 луѓе починале предвреме во 2020-та, поради изложеност на PM2,5, при што 96 отсто од градското население е изложено на нивоа кои се над препораките на Светската здравствена организација.

Во исто време, велат од ЕЕА, азот диоксидот предизвикал 49.000 предвремени смртни случаи, а изложеноста на озон 24.000.

Меѓутоа, бројот на прерана смрт поради изложеност на PM2,5 падна за 45 отсто од 2005 до 2020 година.

„Ако трендот продолжи, се очекува дека ЕУ ќе ја постигне својата цел и до 2030 година ќе го намали на бројот на предвремено починати за 55 отсто“, се вели во извештајот.

„Сепак, потребни се дополнителни напори за да се исполни целта за нулта загаденост до 2050 година, или намалување на загадувањето на воздухот да биде до нивоа што не се штетни за здравјето“, додава ЕЕА.