Загадениот воздух причина за 470.000 случаи на прерана смрт во Европа

Квалитетот на воздухот во Европа е подобрен во последните неколку години, но загаденоста и понатаму е голема и е причина за околу 470 илјади случаи на прерана смрт во 2013 година, се наведува во извештајот на Европската агенција за заштита на животната средина (ЕЕА).

ЕЕА во денеска објавениот извештај предупредува дека процесот на намалување на емисиите на штетни гасови е многу бавен за во потполност да се избегнат „неприфатливите последици“ по здравјето на луѓето и животната средина, а во текот на 2013 година дури 467.000 луѓе во 41 земја во Европа прерано умреле од тие последици.

Според зборовите на директорот на ЕЕА, Ханс бројникс, владите, компаниите и научниците мораат „да дејствуваат многу бргу“, затоа што, како што наведува, „неопходна е суштинска трансформација на енергијата и системот на исхрана“.

zagadjenje-2

Во новиот извештај ЕЕА го анализира квалитетот на воздухот во Европа во периодот од 2000 до 2014 година, а во истражувањето учествувале повеќе од 400 научни центри.

Околу 85 отсто од жителите на градовите во 2014 година биле изложени на зголемен степен на загадување, кој Светската здравствена организација го оцени опасен по здравјето, додека во 2013 година на прекумерно загадување биле изложени 87 отсто од градското население.

Како што се наведува во известувањето, штетните гасови можат да предизвикаат или да ги влошат кардиоваскуларните и белодробни болести како што се инфаркт или респираторна аритмија и да доведат до рак.

Според проценките на ЕЕА, минатата година од последица на загаден воздух прерано умреле повеќе од 430.000 луѓе во Европа.

zagadjenje-3

Европскиот комесар за животна средина Кармен Вел рекол дека извештајот на ЕЕА укажува на тоа дека загадувањето мора да остане во прв план на европската политика.

Европскиот парламент ја усвои денес директивата за намалување на загадувањето на воздухот, која се однесува на емисијата на штетни гасови како на пример сулфур-диоксидот и амонијакот што би требало да допринесе за подобрување на здравјето на населението за 50 отсто до 2030 година, пренесе британскиот Индипендент.

Со таа директива, како што наведе пратеничката во Европскиот парламент Џули Герлинг, која учествувала во изработката на нацрт-планот, направена е рамка за конкретно дејствување со цел да се намалат штетните емисии меѓу 2020 и 2030 година.

zagadjenje-4