Загина фолк пејачот Шабан Шаулиќ

„Кралот на српската народна музика Шабан Шаулиќ загина денеска во тешка сообраќајна несреќа во Германија.

Како што објавија српските медиуми, Шаулиќ во автомобилот бил со својот кум. Двајцата веднаш се пренесени в болница, но пејачот, иако лекарите до последен момент се бореле за неговиот живот, им подлегнал на повредите.

Несреќата се случи во околината на Билефелд, на пат кон Дортмунд.