Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев, Ахмети и Ковачевски порачаа дека Владата е стабилна, следните избори ќе бидат редовни
Македонија

Заев, Ахмети и Ковачевски порачаа дека Владата е стабилна, следните избори ќе бидат редовни

декември 17, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Целта да се обезбедат стабилна Влада и стабилно парламентарно мнозинство кои дејствуваат исклучиво во интерес на граѓаните и на државните интереси е исполнета, порачаа по вчерашната работна средба во Владата премиерот Зоран Заев, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Следните парламентарни избори, како што информираа од владината прес-служба, се очекува да бидат редовни и да се одржат во 2024 година, а дотогаш Владата ќе испорача економски резултати, брзи и квалитетни услуги кон граѓаните и успешно справување со пандемиската и со енергетската криза.

– Заев, Ахмети и Ковачевски се согласни дека новата Влада ќе биде целосно фокусирана на забрзано движење на државата по евроатлантскиот пат и дека целта е првиот голем успех на Владата да биде наоѓањето решенија за предизвиците во односите со Бугарија и почеток на преговорите за членство во Европската Унија, беше соопштено по средбата.

Средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, вчера имаше и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој порача дека разговарале за спорот со Бугарија, за што тој ги повторил своите ставови, но и за предвремените парламентарни избори.

– Имајќи ја предвид состојбата во општеството, криминалот и корупцијата нефункционалните институции, недисциплината, лошата економска и енергетска состојба во земјава и уште многу други фактори коишто негативно влијаат, мојот став е дека само со сериозен ресет на системот, многу макотрпна работа и нови луѓе можеме да излеземе од оваа кризна состојба од којашто се наоѓаме, а за тоа се потребни предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, предвремени парлaментарни избори се потребни час поскоро. Тој напомена дека во моментов ВМРО-ДПМНЕ е најголема пратеничка група со најголем број на грaдоначалници и советници, и како што рече, има политичко право и кредибилитет да бара предвремени парламентарни избори бидејќи победи на два пати на локалните избори и во првиот и вториот круг убедливо.

Коментирајќи го барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за предвремени избори, претседателот на државата Стево Пендаровски, вчера во гостувањето во „Топ тема“ на телевизија Телма рече дека на државата и недостига период без избори.

– Ако има 61 глас, ќе одиме на избори. Се разбира дека демократски донесена одлука треба да се почитува. Но, факт е дека имавме 5-6 изборни циклуси во седум/осум години наназад и факт е дека на државата и недостасува период без избори, во кој треба да видиме што новите луѓе во новата Влада после Нова година можат да придонесат, рече Пендаровски.

Тој, сепак, посочи дека според него многу тешко ќе се дојде до 61 глас во Парламентот за тој да се самораспушти и да се оди на предвремени избори.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, вчера во изјава пред Собранието за можноста да има предвремени парламентарни избори, рече дека, живееме во демокрaтски систем и ако 61 пратеник одлучат да одиме на избори и се распушти Собранието, нормално дека ќе се оди на избори.

– Мислам дека Алтернатива направи голем чекор кон отворање на оваа врата за почеток на преговори со ЕУ. Ако Бугарија и Европската унија се уште не се одлучни да ја отворат оваа врата во декември, мислам тогаш тоа ќе се случи во јануари, мислам дека ќе треба да почекаме. Не мислам дека тоа беше единствената причина што станавме дел од Владата, има многу причини, но ова беше навистина многу важно, и една од најважните, рече Гаши.

 

МИА

актуелно ахмети Заев ковачевски стабилна влада
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.