Премиерот Зоран Заев во името на граѓаните на Република Македонија го изрази изрази своето најдлабоко сочуство кон семејствата на сите настрадани во Сребреница, но и за сите жртви кои залудно го загубија својот живот во војната во Босна и Херцеговина.
„Денес одбележуваме и се сеќаваме на еден мачен ден, за целото човештво, но посебно за бошњачкиот народ.Тоа што се случи во Сребреница пред 22 години е еден од најголемите порази на цивилизациските вредности и лекција што мораме да ја научиме, еднаш засекогаш.
„На овој ден, пред 22 години откако повеќе од 8,000 луѓе беа убиени, не е доволно да повторуваме „Никогаш повеќе“, туку да се соочиме со минатото и да се поклониме пред жртвите. Ова злосторство против човештвото е дамка на нашата колективна совест, но и најмоќниот потсетник дека мораме да спротиставиме на секоја форма на насилство и да застанеме во одбрана на човековите права и достоинство.
„Во името на граѓаните на Република Македонија, го изразувам моето најдлабоко сочувство кон семејствата на сите настрадани во Сребреница, но и за сите жртви кои што залудно го загубија својот живот во војната во Босна и Херцеговина“, вели премиерот Заев.







