Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Кандидатските листи на 9 март, коалицијата СДСМ-Беса ќе ја победи ДУИ во шестата и.е.
Политика

Заев: Кандидатските листи на 9 март, коалицијата СДСМ-Беса ќе ја победи ДУИ во шестата и.е.

февруари 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Носителите и кандидатските листи за претстојните предвремени парламентарни избори СДСМ ќе ги објави на конгресот на партијата што ќе се одржи во попладневните часови на 9 март“, објави денеска лидерот на партијата Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Заев појасни дека во моментов во СДСМ се прави селекција од преку 750 кандидати за пратеници и оти тоа го прават странски и домашни експерти, и политичари од СДСМ, се разгледуваат нивните биографии, потоа ќе се прават анализи и интервјуа, а паралелно се одвиваат анкетите. Сакаме да ги избереме најдобрите.

Лидерот на СДСМ рече дека има многу добри кадри кои не се нафаќаат да се занимаваат со политика.

Можеби дел од коалициските партнери и порано ќе ги објават своите кандидати.

Коментарите на ДУИ за вчера објавената коалиција со Беса, според Заев, заслужуваат внимание

„Овој нов квалитатив кој со ваквите политки го создаваме, со конкретен ефект и почеток од 2016 година, кога десетици и десетици граѓани Албанци гласаа за СДСМ и коалицијата“, рече Заев потсетуваше дека и Македонци и Албанци гласале за кандидати кои не биле од нивната етничка заедница.

Ова што сега го правиме, додаде тој, е еден нов исчекор, и веројатно може само да ги зајакне по структура и по фер поставеност еднаквиот глас на секој граѓанин.

„За нас прво се граѓаните. После тоа ја почитуваме секоја етничка припадност, религиска па дури и политичка припадност. Секако си ги почитуваме нашите политички припадности повеќе, но разноличноста во државата не ни е од сега, ниту успеаја до крај да ја загрозат ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ во тој единаесетгодишен период наназад затоа што видовме дека има плодна почва за оваа работа и денеска тоа се случува. Можеме да се пофалиме дека денеска испишавме една убава историја. Имаме една коалиција мултиетничка од секој аспект. Ние сме горди на тоа“, рече Заев.

Одговарајќи на новинарското прашање, тој истакна дека граѓаните одлучуваат на изборите како ќе се движи земјата и кој како ќе ги прави комбинациите за составување на Влада.

„Јас би им порачал на нашиот коалициски партнер да не го лаже паметот, коалицијата СДСМ – Беса и другите партии ќе биде победник на овие избори, а не ДУИ, и тоа во шестата изборна единица каде што најмногу се мерат влијанието на втората етничка заедница, албанската. Јас тврдам дека ние ќе бидеме победници во шестата изборна единица заедно. И тој податок е нешто што е вредно да испрати уште еднаш убава порака до целиот наш народ дека единството ја прави силата, дека заедно сплотени може повеќе да успееме“, рече Заев.

Вели дека оставаат простор за соработка со сите партии. Сепак, рече Заев, очекувањата на граѓаните се партиите да се менуваат.

„Ако се менуваат на подобро, ако се реформираат тие ќе бидат посакуван партнер на СДСМ и коалицијата која поприлично веќе е оформена“, рече Заев.

Според него, коалицијата на СДСМ и Беса нема да биде причина за дефакторизација на гласовите кај Македонците и кај Албанците, како што вели ДУИ.

Заедничката програма на СДСМ и Беса се подготвува, рече Заев, потенцирајќи дека области што ги спојуваат се економијата, реформите, севкупната трансформација – судство, здравство, образование, застапеноста.

Причини за критичните ставови на лидерот на Беса, Касами кон него, како што кажа, делумно било и коалицирањето на СДСМ со ДУИ, од што дел од Албанците биле незадоволни. Иако истите тие, додаде тој, рекле и дека без ДУИ не можеле да формираат Влада.

ДУИ и СДСМ покажале сериозен државнички капацитет, оцени Заев, укажувајќи на уставните измени, носењето на некои закони итн и СДСМ го почитува тоа што решиле да коалицираат со нив и да не дозволи режимот на ВМРО-ДПМНЕ да продолжи.

Заев кажа и дека нема да дозволат која било партија да ги уценува, но и дека партиите мора да се менуваат и реформираат, посочувајќи на ДУИ.

„Јавно кажувам дека очекувам да има одредени промени во ДУИ“, рече Заев.

Веројатно, додаде тој, пред изборите е логично да имаме различни ставови.

 

актуелно Заев кандидатски листи коалиција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.