Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев на конференција на „Економист“ во Грција, најавени средби со Мицотакис и Сакеларопулу
Македонија

Заев на конференција на „Економист“ во Грција, најавени средби со Мицотакис и Сакеларопулу

септември 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев од денеска ја започнува дводневната работна посета на Грција, а утре ќе учествува на панел дискусија во рамките на конференција на Економист „24-та тркалезна маса со грчката Влада“, ќе има работен ручек со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис и ќе оствари средба и со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.

Заедно со Заев се и вицепремиерите за економски прашања и за координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, и за европски прашања Никола Димитров, како и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што соопштија од владината прес служба, премиерот, на маргините на конференцијата ќе има и повеќе средби со бизнисмени и претставници на грчката бизнис заедница, додека пак Битиќи и Димитров ќе се сретнат со нивни колеги од Владата на Грција, а Османи ќе оствари работна средба со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас.

Утре наутро, премиерот ќе учествува на панел дискусија посветена на Западен Балкан, односно на вториот ден од конференцијата на Економист, а подоцна во текот на утрешниот ден ќе се сретне со Сакеларопулу и ќе има работен ручек со неговиот грчки колега.

Во однос на средбата со Мицотакис, портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на вчерашниот брифинг со новинарите рече дека европската перспектива, билатералните односи, како и темите што произлегуваат од Договорот од Преспа, односно комисиите и сл, ќе бидат дел од прашањата за кои ќе разговараат двајцата премиери.

Пецас истакна дека е многу важно што ќе постои можност за разговори, по изборите кај нас и додаде дека „најважна е европската перспектива на земјите од Западен Балкан, преку која може да се решат многу прашања“, преку отворањето и затворањето на поглавјата.

Проширувањето на ЕУ и следните чекори, заедно со реформите што треба да се спроведат, како и трговијата и инвестициите, ќе бидат темите за кои утре ќе дискутираат премиерите на Северна Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама, на панел дискусијата посветена на Западен Балкан во рамките на конференцијата на Економист, додека пак за политичката перспектива ќе говорат поранешните министри за надворешни работи на Грција Дора Бакојани и Јоргос Катругалос, кои сега се пратеници од Нова демократија, односно СИРИЗА.

Меѓу најавените учесници на дводневната конференција се и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, министри од грчката Влада, меѓу кои и оние за надворешни работи, за здравство, за одбрана, за инвестиции, шефот на кипарската дипломатија, поранешниот француски претседател Оланд, поранешниот италиански премиер Ренци, амбасадорот на САД во Грција итн.

На ланската конференција на Економист, односно на „23-та тркалезна маса со грчката Влада“, учествуваше тогашниот шеф на македонската дипломатија Никола Димитров.

актуелно Грција економист Заев конференција Мицотакис Сакеларопулу средби
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.