Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев на трибина со Стопанска комора на Македонија: Со членството во ЕУ и НАТО македонската економија забрзано ќе се развива
Економија

Заев на трибина со Стопанска комора на Македонија: Со членството во ЕУ и НАТО македонската економија забрзано ќе се развива

септември 24, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев денеска учествуваше на трибината „Перспективите на македонската економија од членството во ЕУ И НАТО“ во организација на Стопанската комора на Македонија којашто се одржа во кругот на фабриката Кромберг и Шуберт во индустриската зона Жабени, општина Битола, и на неа  присуствуваше и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев.

Во дискусија на премиерот Заев со извршната директорка на Стопанска комора на Македонија, Билјана Пеева Ѓуриќ пред присутните стопанственици се отворија важни теми и економски прашања кои се однесуваат на придобивките за бизнисот и македонската економија од важната одлука пред којашто се исправени македонските граѓани на 30-ти септември за членството на земјата во ЕУ и НАТО.

„Податоците покажуваат дека од политиките на градење пријателство, на отворање на перспективи кон големите пазари, отворање надеж и охрабрување за инвестиции, странските и домашните вложувања веќе се зголемуваат во Македонија. 327 милиони евра се странските директни инвестиции во првото полугодие во Македонија во споредба со лани кога беа 105 милиони евра. Тоа е податок кој покажува дека Македонија станува попријатно место, доволно мотивирачко овде да се создава профит, а очекувањето на државата е преку ваквите инвестиции странски или домашни да расте БДП“, потенцираше премиерот Заев.

Во однос на економските придобивки кои се очекуваат во иднина од воспоставеното пријателство со Република Грција премиерот Заев рече дека преку комплетирање на изградбата на пругата Битола Кременица, битолскиот регион инфраструктурно ќе се поврзе со Грција и како резултат на тоа се очекува да расте соработката на економски план помеѓу двете земји и да се продлабочуваат бизнис релациите помеѓу граѓаните од двете земји.

„Она што е наша надеж е дека со отворањето на преговорите со ЕУ ќе имаме пристап до нови фондови. Паралелата што ја правиме помеѓу земји членки на ЕУ и земји кандидати како нас покажува десет пати повисоко користење или овозможување на европски фондови. Ако Македонија за 2007-2014 имала на располагање 680 милиони евра, Хрватска имала за тој период кога била земја кандидат 850 милиони евра. Еве Хрватска денеска е земја членка и има 10 милијарди и 500 милиони евра фондови за користење за една програма во период од шест, седум години“, рече премиерот Заев.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев истакна дека Владата оваа година во буџетот издвои рекордни средства, односно преку 30 милиони евра за поддршка на стопанството.

Овие средства пред сè се насочени за поддршка на компаниите преку мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, среднорочната програма на работа на Фондот за иновации и технолошки развој, како и за мерките за вработување на Агенцијата за вработување.

“Владата издвојува средства за поддршка на конкурентноста на македонските компании. Слушнавме дека само околу 6% од компаниите се извозно ориентирани, а ние сакаме да го поттикнеме технолошкиот развој и иновации во компаниите за да бидат поконкурентни на меѓународните пазари. Како држава одвојуваме средства за развој, но во влез во ЕУ и НАТО компаниите добиваат шанса да црпат финансиска поддршка од фондовите на ЕУ.

„Еве на пример, за технолошки развој, компаниите во Бугарија имаат на располагање околу 400 милиони евра. Воедно се добива шанса да се конкурира на меѓународни тендери. Секако, треба да се испорача квалитет, но тоа е шанса за компаниите. Видете, идентитетот наш е гарантиран, сега на македонскиот народ му треба економски раст и развој, а Владата секако работи на нови вработувања, на повисок стандард и со тоа на посилна економија. Растот на БДП во вториот квартал од 3,1% е добар чекор напред, бидејќи е креиран од реалната економија, од стопанството”, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

актуелно Грција ЕУ македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.