Заев: „Никола, дојди на ТВ дуел или замини си веднаш!“

Конгресната сала на хотелот „Монтана“ во Крушево денеска беше претесна да ги прими сите кои сакаа да присуствуваат на излагањето на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев.

zaev-vo-krusevo-2

Заев пред крушевчани ја претстави Програмата на СДСМ и коалицијата „Живот во Македонија“

„Ајде Никола повели на дуел. Дојди да ги соочиме фактите пред екраните. Ако си тоа што велиш дека си, нема да бегаш. Прифати дуел или замини си среде кампања. Пенкалото е кај граѓаните на Македонија. Тие на 11 декември, знам, ќе изберат живот во Македонија. Режимот ќе падне на изборите, рече Заев во Крушево.

zaev-vo-krusevo-3

Главна цел на новата Влада ќе биде парите да се вратат во домовите на секој од вас, напомена Заев пред насобраните.

Стерули Штерјоски