Заев поднесе оставки од двете позиции, но смета дека не е време за предвремени избори

LinkSense.mk

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев вчера вечерта изјави дека поднесува оставка од премиерската функција и претседателската функција во СДСМ.

„Ја превземам одговорноста на себе за ваквиот развој на настаните. Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа за силна Македонија. Изразувам посебна огромна почит до мој, прогресивен мој народе.

Посакувам новите градоначалници одговорно и чесно да им служат на граѓаните. Горд сум што ја внесовме земјата во НАТО, а кај мене има разочараност, затоа што мнозинството од народот го избраа оние кои сакаа да убиваат во парламентот“, рече Заев.

Заев изјави дека засега не се планирани предвремени парламентарни избори.