Заев: Поканата на Ахмети за средба со албанските лидери е притисок врз мене за премиерското место

Претседателот на СДСМ Зоран Заев ја оценува како притисок врз него поканата од лидерот на ДУИ Али Ахмети за зедничка средба со челниците на партиите од албанскиот политички блок на 13 август.

– Да, го гледам ова како притисок врз мене, СДСМ и Коалицијата „Можеме“, за премиер по предлог на ДУИ“, изјави Заев за ТВ21.

На прашањето дали сребата на лидерите на партиите на Албанците, може да влијае врз формирање на новото парламентарно мнозинство, Заев вели дека се уште е прерано да се даде каков било одговор на тоа.

Средбата што ја иницира Ахмети треба да се одржи в четврток, по повод годишнината на Охридскиот рамковен договор. Поканети се Африм Гаши од Алтернатива, Билал Касами од Беса, Зијадин Села од Алијанса за Албанците и Мендух Тачи од ДПА.

Засега нема официјална потврда од поканетите дали ќе одат на заедничката средба со Ахмети.