Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Постои шанса законот за јавно обвинителство да се донесе до 11 февруари
Македонија

Заев: Постои шанса законот за јавно обвинителство да се донесе до 11 февруари

јануари 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шанса да се донесе Законот за јавно обвинителство постои и тој ќе се донесе до 11 февуари, оцени лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во одговор на новинарско прашање по средбата со претседател на Европскиот совет Шарл Мишел, со кој, како што рече, една од темите на разговор бил и законот за јавно обвинителство.

„Јас верувам дека постои шанса. Вчера видов една порака на сериозна вклученост на сите, некои излегоа на прес-конференции. Еве, независната пратеничка група излегоа и со соопштение со кое тоа го соопштија, беа присутни таму, дојдоа и албанските политички партии коишто беа позитивни. Жалам што ВМРО-ДПМНЕ напушти заради неприсуство наводно на јавниот обвинител којшто нема што да бара на партиски политички средби според мене. Еве на јавната расправа нека го повикаат човекот ќе дојде или кој било друг експерт ако повикаат да дојде. Така што, се надевам дека не се работи за пролонгирање, купување време и слично од ВМРО-ДПМНЕ заради тоа што нема да го дозволиме тоа.

Следната недела е недела на решенија. Очекувам Владата како што побараа дел од пратениците да го пушти законот да влезе во Собрание и тоа во вторник кога ќе има седница да го усвојат, да го пуштат во Собрание и конечно да се изјасниме во Собранието, па ќе видиме има 80, нема 80, консензус дај боже има – нема или слично, изјави Заев, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој истакна дека нема да дозволат пролонгирање или купување време, и дека ќе се гласа законот до 11 февруари. -Дали ќе има двотретинско мнозинство или нема да имаме ќе видиме на крајот. Мислам должни сме према државата. Должни сме према државата да го ставиме на изјаснување. Дотогаш да направиме се, дај боже да има 80 и повеќе би бил најсреќен ако има консензус. Силна порака е за имплементација. Но,
работиме и верувам дека можеме успешно да стигнеме со неопходното двотретинско мнозинство за овој закон. Така што, никој не може да каже ништо, ние сме само со позитивно очекување. Зошто сум позитивен јас, значи ако некој сака да најде маана ќе најде маана. Нема потреба, нема веќе СЈО, тоа е завршено, нема потреба да се бараат рачки во самиот закон заради тоа што ги нема. Се што на некој му смета, а е во духот на европската агенда немаме проблем ние тоа да го прифатиме, така што верувам дека може да се постигне решение, истакна Заев.

Потенцира дека тој прифаќам јавните обвинители да имаат право да конкурираат како сите и дека не мора да се гарантира на никој ништо.

Администрацијата, додава, е навистина кредибилна, има свое практично искуство.

„Може да конкурираат под еднакви услови за сите. И тоа е нешто за кое што ЕУ нема проблем и ние немаме проблем со таквите прашања. Прашањата политичари да именуваат политичари обвинители имаме проблем. Политичари да одлучуваат за иднината на предметите имаме проблем. Треба да оставиме системот со системски решенија да се бираат државен обвинител, обвинител за организиран криминал и другите обвинителства. Исто така предметите мора да бидат осигурани – сегашни, минати, идни предмети мора да бидат осигурани. Самиот закон предвидува осигурување на предметите, односно тие се веќе во судска процедура, се знае како ќе продолжат самите предмети што се во предистрага и во истрага, но исто така треба да сметаме дека тоа треба да биде одлучувано секојпат независно. Не политичарите да седнат па таму тоа да го договорат, па зашушулено, замумулено, па ќе го скриеме. Не
може. Се се знае во државата, така што ниту Европската делегација ќе ни дозволи, ниту ние треба да дозволиме, ниту, пак, вие новинарите треба да дозволите да имаме нечесно законско решение. Решението треба да биде кристално чисто, чесно што ќе гарантира дефинитивно владеење на правото, потенцира лидерот на СДСМ.

Во врска со информациите од италијанскиот весник за учество во изборни нерегуларности во 2014 година, Заев вели дека тоа било една од алатките за атакување на опозиционерот Заев во тоа време во 2014 година кога, како што рече, не ги признавме изборите.

„Ако имале какви било докази верувајте 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ Заев ќе го осуделе. Значи тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше. Таму каде што се трудеа тоа да го претстават пред јавноста еве до крај со обвинителни акти за поткуп, за сите тие други предмети што ги водеа против мене, како што беа, исто така, прислушувањето и слично, овде немаа ништо, беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат било што, било каков наратив да поднесат дури обвинение, изјави Заев.

актуелно Заев изјава
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.