Заев: „Со бомбите ги мавав директно во чело“

„Режимот ќе падне на 11 декември. На 11 декември ќе победиме, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вчерашниот митинг во Кичево.

Тој на присутните им напомена дека со „бомбите“ погодил во целта.

„Со „бомбите“, почитувани пријатели, мавав директно во чело кон криминалците на власт“.
Лидерот на СДСМ и носител на кандидатската листа во изборната единица 4, се осврна и на работата на Груевски и на неговиот начин на владеење.

„Квазипатриотот Груевски шири национализам. Десет години е премиер, а повторно се обидува да го подели народот. Зборува за чувствителни теми кои мора да ги затвориме во 21 век. Нема иднина со делби и со поделби. Мораме здружени, немаме друго освен оваа парче земја, која сите и Власи, и Тури, и Албанци, и Роми ја платија со крв. Само луѓе кои нема што да понудат шират национализам. Од лажење се изгубија – рече Заев.