Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Со 62 пратеника се формира стабилна Влада
Македонија

Заев: Со 62 пратеника се формира стабилна Влада

август 26, 2020Updated:август 26, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со 62 пратеника се формира стабилна Влада, која е подготвена за многу сериозни и храбри одлуки, изјави денеска мандатарот Зоран Заев по поднесувањето на предлогот за состав на новата Влада во Собранието. Заев вели дека приоритетите на новата Влада ќе бидат домашни, бидејќи оние на меѓународне план се завршени, потенцирајќи посветеност на кризата со Ковид-19, економијата, правосудството, преговорите со ЕУ…

-Меѓународното, но и домашното искуство покажа дека со 62 пратеници се формира стабилна Влада, и не само стабилна, подготвена за многу сериозни и храбри одлуки во интерес на граѓаните. Во многу други земји парламентарното мнзоинство не е огромно, туку дека е парлментарно мнозинство кое ги отсликува мнозинството граѓани, преку мнозинството…

пратеници во Парламентот кои ја преземаат најголемата одговорност, рече Заев.

Во разговорите за новата Влада, како што кажа тој, бил направен план за рационализација и максимилизација на ефикасноста на Парламентот и пратеницитe.

– Тоа значи дека најмалку еднаш во две недели ќе има ден за гласање, рече Заев појаснувајќи дека во останатото време пратениците би се посветиле стручно повеќе на решенијата што ќе стасаат во Парламентот.

Притоа, според него, пратениците ќе имаат повеќе време за своите гласачи надвор од собраниската зграда.

-Верувам дека успешноста на Владата зависи од успешноста на своите политики, од кохабитацијата и соработката со опозицијата и служењето и одговорноста пред граѓаните. Верувам затоа што имаме извинреден состав на кандидати за Влада, и затоа што Парламентот има свој континуитет во дел од пратениците, но има и многу нови новини, освежувања од сите области и верувам дека следува еден четиригодишен, неповторлив по позитива период, рече мандатарот и лидерот на СДСМ.

Не прецизира кога Собранието ќе ја избере новата Влада.

– Право на претседателот и на пратениците е кога ќе ја закажат седницата.

Од денеска кога ќе ја доставам програмата, биографиите ние сме подготвени кога ќе утврдат да се закаже седницата, рече Заев додавајќи дека логично и нормално е да се остави ден, два три пратениците да ја прочитаат програмата и биографиите.

Tој очекува веќе следната недела новата македонска Влада да функционира и веднаш да се зафати со предизвиците исправени пред нашата држава, а тоа е пред се кризата со Ковид – 19 и рефлексиите од неа како економијата, образованието, детските градинки и многу други области.

Во однос на одлуката за петммина потпретседатели на Собранието, Заев потсети дека и во минатиот собраниски состав имало ист број, но дека тоа не значи дека сите места ќе бидат пополнети.

-То е бројка и не значи дека ќе биде пополнета. Ева ја испраќам пораката, нека се откаже ВМРО-ДПМНЕ од потпретседателското место ќе се откаже и СДСМ и еве ќе имаме три. Во Деловникот вика дека најголемата опозициска партија има еден потпретседател, рече Заев кој смета дека опозциската партија собира политички поени на многу нечесен начин.

Мандатарот Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека 90 отсто местата на заменик министрите се веќе утврдени и оти по изборот на новата Влада, до Собранието ќе ја достави листата на заменици министри.

Според него, Владата но и подолните ешалони ќе ја отсликуваат етничката и политичка разноликост во земјата.

62 актуелно вкада пратеници стабилна формирање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.