Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Убеден сум дека на 17 и 18 октомври ќе добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ
Македонија

Заев: Убеден сум дека на 17 и 18 октомври ќе добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ

октомври 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заслужуваме да добиеме одлука за почеток на преговори со Европската Унија. ЕУ вети – ако вие испорачате и ние ќе испорачаме. Очекуваме ЕУ да го одржи зборот и да испорача.

Убеден сум дека Европскиот совет на 17 и 18 октомври ќе ја донесе толку долго очекуваната одлука за почеток на преговори со земјава, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-Ние не очекуваме од 18 октомври да бидеме полноправна членка на ЕУ. Свесни сме дека тоа е пат, дека е процес низ којшто треба да поминеме.

Очекуваме да го добиеме следниот чекор, а тоа е почеток на преговорите, отворање на поглавјата и на пристапните фондови за да продолжи трансформацијата на нашето општество кон европско општество. Тоа се нашите намери, рече Заев во одговр на прашање при денешната посета на индустриската зона „Новини“ во кумановското село Речица.

Потсети дека на јунскиот самит на ЕУ се побара одложување на одлуката за почеток на преговори заради тоа што беа многу блиску европските парламентарни избори и националните парламенти немаа време да дискутираат по Извештајот на ЕУ за нашата земја.

-Сфативме, во ред е, но направивме дипломатска активност во којашто баравме од канцелараката Меркел, од Бундестагот и од лидерите на другите земји ако е веќе октомври, да биде октомври. И тогаш го добивме зборот од сите. Бундесатогот прати порака и ја заврши својата работа.

Верувам и во претседателот Макрон. Легитимна е дебатата за реформи во ЕУ, таа мора да се менува и да опстане како лидер на светско ниво во делот на вредностите, на демократијата, компетативноста,…, но тоа може да се случува паралелно со процесот на проширување. Очекувам на октомврискиот самит дека ќе се разговара за Брегзит и за реформите во ЕУ, но и за проширување на Западен Балкан и за нашата земја, посочи Заев.

Побара европските лидери да го испочитуваат дадениот збор, зашто, како што рече, ние тоа го заслуживме.

-На тој начин ќе не мотивираат да продолжиме понатаму. Ниту еден нема замерка за Република Северна Македонија. Понекогаш се спомнува дека би било добро да биде донесен новиот закон за ЈО, но дефинитивно нема да се кршат одлуките на законот за ЈО. Ако го донесеме ќе ја отстраниме и таа можност за да нема таква дебата. Сите земји во последните 20 години што како земји кандидати добиле одлука за почеток на преговори направиле помалку од нас. Ние направивме повеќе од сите, потенцира Заев.

Премиерот не очекува Бугарија да прави проблеми на октомврискиот самитна ЕУ и е убеден дека ќе биде една од земјите што ќе гласа за почеток на преговори со Севрна Македонија.

-Во 21 век во срцето на Европа никој повеќе не зборува за идентитетски прашања. Нашите идентитетски прашања се заокружени, тие се веќе впишани во личната карта на ОН, признаени се од сите. И на нив им е јасно дека идентитетските прашања се конечно потврдени во Договорот за добрососедство во кој се зборува за двата народа. Во Декларацијата што ја потврди и Парламентот, Бугарија зборува за поддршка на одлуката за почеток на преговори со ЕУ. Точно понатаму во Декларацијата зборува дека Договорот мора да се реализира низ 35-те поглавја и сето тоа за мене е логично заради тоа што бараат гаранции дека тоа ќе се испочитува.

Верувам дека и ова прашање ќе го надминеме и ќе го решиме, рече Заев.

Прашан дали ќе има предвремени парламентарни избори доколу не добиеме покана за почеток на преговори, претседателот на Владата рече дека не се размислува за предвремени избори.

-Како прво не се размислува поради тоа што не размислуваме дека ќе имаме негативна одлука. Второ, мислам дури и да се добие негативна одлука дека не треба да се оди на избори заради тоа што треба да се искористи периодот до редовните избори, бидејќи е економски драгоцен за целата трансформација што ни се случува, рече Заев и нагласи оти е убеден дека Европскиот совет ќе ја донесе толку долго очекуваната одлука за почеток на преговори со земјава.

актуелно датум Заев Макрон почеток преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.