Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Уште од самостојноста, Австрија е силен поддржувач на Република Северна Македонија
Македонија

Заев: Уште од самостојноста, Австрија е силен поддржувач на Република Северна Македонија

март 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев вчера беше во работна посета на Република Австрија. Во рамки на посетата Премиерот Заев се сретна и со Австрискиот канцелар Себастијан Курц, а беше и негов почесен гостин на Виенскиот Бал.

Во продолжение интегрално Ви ја пренесуваме изјавата на Премиерот Заев дадена по завршување на работната посета на Република Австрија.

„Имам посебна чест да бидам присутен во Виена на покана на Канцеларот на Република Австрија, господинот Себастијан Курц и да бидам негов специјален гостин по повод одржувањето на познатиот Виенски опера бал, каде што ќе имаме прекрасна можност да запознаеме важни луѓе од целиот свет кои се гости на познатиот бал.

Искористивме прилика да се видиме со Канцеларот Курц, кој важи за голем пријател на целиот Балкан, но и нашата Република Северна Македонија и кој ја поддржува интеграцијата на државата и во Европската Унија, па дури и во НАТО, иако Австрија не е земја членка на НАТО. Но, целиот овој период, од самостојноста на Северна Македонија, Австрија важи за една од нашите најголеми поддржувачи.

Секако, поддршките што последниве години доаѓаа се важни, од поддршката за Преспанскиот договор, до реформите дома, и сега за она што се случува во делот на економијата бидејќи на еден начин поврзани сме со компании од Австрија. Искористивме прилика да разговараме и за економска соработка затоа што за нас сега тоа е многу значајно.

Веќе добивме една конкретна понуда којашто дома ќе ја разгледаме, за австриска компанија и нејзин влез во инвестициите на Клиничкиот центар, преку евтино финансирање од страна на Австрија, со дополнителен грант, којшто ќе ги намали севкупните трошоци за инвестирање во самиот Клинички центар.

Деталите ќе ги добиеме на писмено и дома ќе ги разгледаме за да може да се исконсултираме со опозицијата, со стручните луѓе, со експертите. Верувам дека тоа ќе даде можност за брза постапка за самата реализација на Клиничкиот центар.

Разговаравме за Чебрен и Галиште, и за можности да се спојат големи енергетски компании од Австрија како потенцијални партнери во изведбата на овој грандиозен проект којшто е проектиран на околу 800 милиони евра.

Разговаравме за соработка за нови странски инвестиции коишто би дошле директно од Австрија, но и за компании коишто се со мешовит, австриски и друг капитал, за да може да инвестираат во нашата земја.

Но разговаравме и за целата оваа поддршка којашто треба да се случи во периодот пред јуни, за нашето добивање датум за преговори, отпочнувањето на преговорите за поглавјата со Европската Унија.

Канцеларот Курц е многу упатен човек. Ги знае сите детали и даде прекрасни пријателски сугестии за овие последни месеци, кои чекори да ги направиме, затоа што тој верува дека Европската Унија треба да се проширува, а Република Северна Македонија е одличен пример за тоа како го има направено и политички после договорите со Бугарија и со Грција, но и во делот на успешноста на реформите.

Верувам дека ќе успееме заради тоа што ова е веќе втората стратешка цел на нашата земја, а тоа е да отпочнеме преговори и да ги отвориме поглавјата со ЕУ.

Верувам дека ќе успееме.

Денешното мое присуство на овој величенствен настан, за кој би рекол дека е еден од најважните културни настани за Австрија и е од европски и светски карактер и да се биде специјален гостин на покана на Канцеларот Курц за мене претставува голема чест. Верувам дека ќе понесеме позитивни искуства од овој познат Виенски опера бал.“

австрија актуелно македонија поддржувач
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.