Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Ќе ја вратиме довербата на граѓаните во полицијата
Македонија

Заев: Ќе ја вратиме довербата на граѓаните во полицијата

мај 4, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска го отворија состанокот на Извршниот комитет на Советот на Европските полициски синдикати, соопшти владината прес служба.

На отворањето на состанокот се обратија и Андреас Симеоу, претседател на извршниот комитет на Советот на Европските полициски синдикати, како и Ацо Антовски, претседател на Македонскиот полициски синдикат.

Сите говорници на денешниот состанок се согласија дека синдикалните организации се нужни во секое општество и дека нивната улога е клучна при поставувањето на норми и вредности во сферата на работничките права.

Заев рече дека ги подржува сите заложби на синдикалните организации, бидејќи во одредена мера тие се коректори на власта во сегментот на работнички права.

„Затоа, власта е отворена за дијалог со синдикатите. Крајна цел на работодавачите и државата од една страна и на синдикатите од друга, е подобрување на условите за работа на сите работници. Тоа може да се постигне само со дијалог во кој сите имаат иста цел, а тоа е благосостојбата на работникот. Со еднострани одлуки, само едната страна ќе биде задоволна. А тоа секако сите знаеме дека не е добро. Никој нема корист, а најмалку општеството, од незадоволен службеник, од незадоволен работник или од незадоволен работодавач, рече Заев.

Министерот за внатрешни работи истакна дека е оправдана потребата за постојано афирмирање и надградување на синдикалното организирање и работење.

„Раководството на министерството ја пружа својата целосна и безрезервна поддршка за развојот на синдикализмот, трудејќи се да ја интензивира неопходната социјална соработка и партнерство со синдикатот, која отвора нови перспективи и можности за конкретни и поквалитетни договарања и решенија. А се со една цел подобрување на професионалниот, социјалниот, економски статус на сите вработени во нашата институција – истакна Спасовски.

Од Македонскиот полициски синдикат истакнаа дека се надеваат дека ќе продолжи социјалниот дијалог со Владата за уште повеќе да се подобрат условите за работа на полициските службеници.

Претседателот на Извршниот Комитет на Советот на Европските полициски синдикати, Андреа Симеоу истакна дека полицијата е многу голем и важен дел од општеството, бидејќи нејзината примарна задача е заштита на граѓаните.

актуелно Зоран Заев извршен комитет министер полиција полициски синдикат
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.