Западен Балкан во „Стратешкиот компас на ЕУ“

LinkSense.mk

Западен Балкан доби место во Стратегискиот компас на Европската унија, кој доби зелено светло од шефовите на дипломатиите на Унијата на средбата во Брисел, а во документот се споменуваат БиХ и дијалозите меѓу Белград и Приштина и меѓу Македонија и Бугарија.

Во европскиот документ се наведува дека процесот на преговори за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград „треба да се подобри“, а дека разговорите меѓу Скопје и Софија за отстранување на блокадата на Бугарија за отпочнување на пристапните преговори на Македонија и Албанија со Унијатра се во добра насока за решавање на проблемот.

Што се однесува до БиХ, се наведува дека е од посебен интерес да се поддржат суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на БиХ, „заснован на принципите на еднаквост и недискриминација на сите граѓани и конститутивни народи“, како што е пропишано со Уставот, како и реформскиот процес на неговиот европски пат.

Министрите дадоа зелено светло за Стратешкиот компас, а тоа официјално ќе биде потврдено на самитот на лидерите на ЕУ во четврток и петок.

Безбедноста и стабилноста на целиот Западен Балкан се сè уште нецелосни, како поради зголеменото странско мешање, вклучително и кампањи за манипулација со информации, така и заради потенцијалното прелевање од моментно влошената европска безбедносна ситуација“, се додава во документот.

Стратешкиот компас е идната воена стратегија на Европската Унија.

Со него, земјите-членки се согласуваат за заедничка стратешка визија за улогата на Унијата во безбедноста и одбраната, и се обврзуваат на серија конкретни и широки насоки за постигнување на тие цели во следните пет до десет години. Како што се наведува, имајќи ја предвид таа цел, „ЕУ прво треба да го процени своето специфично стратешко опкружување и приоритети“.