Затворен угостителски објект во Скопско поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19

– Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба во координација со Државен пазарен инспекторат, по претходна пријава, вчера во 21:50 часот, извршиле контрола во угостителски објект во село Јурумлери, Скопско, сопственост на А.Ш.(39) од село урумлери, по што објектот бил затворен од овластени лица од Државниот пазарен инспекторат, а лицата биле лишени од слобода и спроведени во полициска станица за понатамошна постапка, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР наведоa дека при контролата било констатирано дека внатре во објектот има 15 гости, музичар и пејачка (музика во живо), со што било постапено спротивно на прописите за спречување на ширењето на коронавирусот.