За 24 часа санкционирани 697 лица за неносење маска

Регистрирани се 697 прекршоци, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна
Македонија.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.