Збогум „Утрински“!

LinkSense.mk

По 18 години во сабота ќе излезе последниот број на „Утрински весник“.

Никој од управата на Медиа Принт Македонија не сака да ги коментира случувањата во некогаш најтиражниот весник.

„Менаџментот го нема никаде. Се кријат сите до еден. За во петок закажавме средба со нив, но се сомневам дека ќе излезат на мегдан со нас“, коментира Љубиша Станковиќ, претседател на синдикатот.

Тој вчера на својот Фејсбук профил напиша:

„После цели 18 години, благодарение на лошото менаџирање на Срѓан Керим, во сабота, ќе згасне ‘Утрински весник’. Треба да се запамети името на оној кој ќе го погреба весникот!“.

Сопственик на весниците „Утрински“, „Дневник“ и „Вест“ беше германската компанија ВАЦ, а подоцна фирмата Медиа Принт Македонија (МПМ) стана главен сопствен.

Со образложение дека е лоша финансиската состојба, тројцата косопственици на МПМ се разделија и единствен менаџер остана Срѓан Керим.

kreteni