Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Зголемен сместувачкиот капацитет за пациенти со Ковид, активни 14 661 случај
Македонија

Зголемен сместувачкиот капацитет за пациенти со Ковид, активни 14 661 случај

ноември 8, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во државава достигна 14 661, откако вчера беа регистрирани уште 1 285.

Ширум клиниките и болниците се хоспитализирани над 900 лица.

Поради се поголемиот број заразени на кои им е потребна хоспитализација и преполнетост на болничките капацитети, од вчера за третман на пациентите се на располагање и интерните клиники на Клиничкиот центар.

На Клиниката за пулмологија и алергологија на располагање се 150 болнички кревети за лекување пациенти заразени со коронавирусот.

Министерот за здравство, Венко Филипче при посета на оваа клиника, истакна дека овој проект, со кој се зголемува сместувачкиот капацитет за пациенти заразени со Ковид 19, нема да го наруши нормалното функционирање на сите овие клиники.

Со цел подобар третман на пациентети заразени со Ковид-19, Институтот за трансфузиска медицина, пак, вчера информираше дека се обезбедени вкупно 187 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19.

Од нив 98 единици преку стандардно дарување и 89 единици конвалесцентна плазма преку аферезна процедура од вкупно 38 донори.

Вкупно 136 дарители донирале плазма, со која се третирани околу 170 пациенти со Ковид-19.

Како што информираа вчера од Министерството за здравство, новозаболените 1285 се од направени 3404 тестирања.

Битката со вирусот ја изгубија уште 14 лица, а оздравеа 176.

Од новорегистрираните најмногу се во Скопје-522, каде има и најмногу активни случаи 6732.

Во Прилеп има 79 новозаразени, Тетово 73, Велес 63, Битола 57, Гостивар 54, Штип и Кавадарци по 46,…

Од скопските општини Аеродром е повторно на врвот со 1079, а по уште над 900 заразени има и во Гази Баба и во Карпош, над 800 во Центар и Кисела Вода.

Според податоците на МЗ, на Инфективната клиника во претходното деноќие се примени уште 12 пациенти.

Од хоспитализираните 162 на кислородна поддршка се 137 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 како и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“, пак, имало осум приеми, а од хоспитализираните 79 пациенти, на респиратор се тројца.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 55 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 48 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 472 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Паралелно со ваквите статистики, власта и опозицијата продолжија со
меѓусебните обвинувања за актуелната состојба со Ковид-19.

Заради зголемениот број на новозаразени со коронавирусот вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, изјави дека Извршниот комитет на партијата, одлучил да не му предложи на Централниот комитет кандидати за градоначалници за учество на локалните избори во Штип и Пласница.

Од опозициската партија повторно побараа одговорност од ресорниот министер за бројот на заразени и починати, а од СДСМ порачаа дека добро ја менаџираат кризата.

Пратеничката на СДСМ, Белкиса Зеќири, на прес конференција истакна дека санирањето на хаосот наследен во здравството, предизвикан со 11-годишната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ, со вложување во здравствените институции и пред се во човечкиот капитал, се покажа како клучен фактор за добро менаџирање на најголемата здравствена криза досега.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 38 782, бројката на оздравени пациенти е 23011, на починати е 1110.

актуелно ковид пациенти
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.