Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Зголемувањето на акцизата на нафтата е економски оправдано
Економија

Зголемувањето на акцизата на нафтата е економски оправдано

ноември 6, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за финансии смета дека воведувањето на акцизата кај нафтата од три денари од 1 јануари наредната година е економски оправдано и предложеното решение не треба да се повлече.

„Отворени сме кон јавноста. Треба да се почитува тоа што првпат во историјата на Македонија на незатворен буџет од Владата излегуваме и ги соопштуваме нашите ставови. Околу акцизата мислиме дека економските толкувања ги дадовме и има простор за зголемување. Досега не слушнав некој став кој дава друга економска логика во тоа, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски запрашан денеска дали може да биде повлечен предлогот за зголемување на акцизата на нафтата за три денари.

Истакна дека Министерството за финансии го дава предлогот и оти цврсто стои зад него.

„Во Македонија првпат од 1991 година имаме и во медиумите дебата, а интересните групи ги кажуваат своите ставови и тоа е добро и тоа може да води напред. Но, мојот став е дека мора да гледаме повеќе од една година. Да го гледаме поголемиот период и да кажеме каде сакаме да се движиме, рече Тевдовски.

Посочи дека со буџетот за 2018 година првпат по многу години почнува да се прави фискална консолидација во Македонија.

„Имаме буџетски дефицит од 2,9 отсто и се оди на 2,7 проценти. Ни треба нешто на приходна страна за тоа да се направи и главата тема од аспект на финансии треба да биде таму, рече Тевдовски.

Акцизата се воведува од 1 јануари кај дизелот и кај екстра лесното масло за домаќинства, затоа што, како што појасни министерот, главната буџетска импликација е кај дизелот, но зголемувањето на акцизата кај екстра лесното е затоа што тие треба заедно да се движат и да не се одвојат многу, бидејќи може неправилно да се користи.

Предлогот на Министерството за финансии треба да се гласа од страна на Владата, а Предлог-буџетот од Владата до Собранието да биде испратен најдоцна до 15 ноември.

Во однос на зголемувањето на платите само во одредени сектори, рече дека во моменов од аспект на финансиски можности на државата приоритет се зголемувањата во образованието и здравството, како што е предложено по пет проценти.

„Платите и на наставниците во основно и средно образование и во градинките треба да бидат многу повисоки, но го правиме првиот чекор, правиме зголемување и на докторите и на медицинските сестри. Знаеме дека треба да бидат повисоки, но од аспект на можности на државата го буџетираме тоа, рече Тевдовски.

Додаде дека предвидени се и зголемувањата кои се законски утрдени зголемувања, односно усогласувањето на пензиите.

Министерот соопшти дека заклучно со октомври има добра наплата на приходите во Буџетот и оти очекува тоа да продолжи, а државната каса да биде во добра состојба.

актуелно акциза Влада на РМ македонија собрание Тевдовски финансии
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.