Зеленски: Референдумот во окупираните територии е фарса

LinkSense.mk

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќањр повторно ги осуди референдумот на проруските власти во четири украински региони, нарекувајќи ги фарса.

„Криминалните дејствија на Русија нема да променат ништо за Украина. Ја признаваме Повелбата на ОН, ги признаваме основните принципи на соживот на народите. И ние ќе продолжиме да дејствуваме за да го заштитиме нормалниот живот во Украина, во Европа и во светот.

Ќе дејствуваме за да го заштитиме нашиот народ во регионот Херсон, во регионот Запорижја, во Донбас, во моментално окупираните области на регионот Харкив и на Крим.

Оваа фарса на окупираната територија не може да се нарече ниту имитација на референдуми.

Што се однесува до фронтот, ќе кажам накратко и засега без детали: одиме напред и ја ослободуваме нашата земја“, истакна Зеленски.