Зеленски: Руските сили ја започнаа битката за Донбас

LinkSense.mk

Руските војници ја започнаа битката за Донбас, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање, јави Скај њуз.

„Многу голем дел од руската армија сега се фокусира на оваа офанзива. Без оглед колку руски војници се однесени таму, ние ќе се бориме. Ние ќе се браниме самите, истакна украинскиот претседател.

Ваквите коментари испратија порака, дека сега е во тек концентрирана руска офанзива. Двете страни се свесни дека во зависност од тоа кој ќе ја добие битката, би можел да го диктира идниот правец на војната, коментира медиумот.

Украина веќе ѝ зададе сериозен удар на Русија со тоа што ги натера војниците да се откажат од обидот да го заземат главниот град Киев.

Доколку Русија постигне успех на исток, тоа, најверојатно, ќе го охрабри рускиот претседател Владимир Путин, да ги врати своите сили на север за да го заврши целосното заземање на земјата, соборувајќи ја Владата во Киев. Западни официјални лица сè уште веруваат дека тоа е крајната цел на руската инвазија. Што значи, влогот не може да биде поголем, пишува Скај њуз.

 

 

МИА