Земјава ќе добие 800 000 вакцини од Фајзер од кои 5 850 ќе пристигнат во февруари

„Република Северна Македонија ќе добие 800 000 вакцини против Ковид-19 од прозиводителот Фајзер, од кои првите 5 850 дози ќе пристигнат во февруари“, информира Министерството за здравство.

„Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата производител на вакцини против Ковид-19. Првите 5 850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди“, соопшти утрово Министерството за здравство.