Бројот на жртвите од катастрофалните земјотреси во Венецуела пред два месеца достигна 6.509 луѓе – за 71 лице повеќе во споредба со податоците од минатата недела, пренесе шпанската новинска агенција ЕФЕ.
Хорхе Родригез, претседателот на Националното собрание на земјата, изјави дека 226.696 лица биле лекувани во болниците, што е зголемување за 140.338 од 17 август.
Истовремено биле инспектирани 60.785 станбени згради, од кои 11.001 се дефинирани како високоризични.
Освен тоа, за двата месеца по земјотресите биле расчистени 600.790 метрички тони урнатини, изјави пратеникот, кој е и брат на вршителката на должност претседателка на Венецуела, Делси Родригез.
Властите сè уште немаат доставено податоци за бројот на исчезнатите лица. Потрагата по телата на загинатате продолжува.
На 4 август, гувернерот на сојузната држава Варгас, Алехандро Теран, изјави за радиото „Каракол“ дека роднините на погодените во таа држава пријавиле 1.579 исчезнати лица.
Во меѓувреме, неколку претставници на невладини организации, вклучувајќи ја Аурора Претел, раководителка на Баскиско-еквадорската асоцијација за солидарност со седиште во Шпанија, истакнаа дека меѓународната помош се намалила. Тие додадоа дека најголемите потреби со кои се соочиле се поврзани со вода, хигиена и медицински материјали.







