Земјотреси на Лезбос и Крит

Два земјотреса регистрирани се во близина на грчките острови Лезбос и Крит.

Земјотресот кај Лезбос бил со интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала, додека во околината на Крит потресот бил со јачина од 4,5 степени кој се почуствувал и во градот Ираклион.

Епицентарот на првиот земјотрес бил во морето на 64 километри северозападно од Лезбос, додека другиот бил на 36 километри југоисточно од градот Тимбаки.