Земјотрес во Турција: Епицентар во Егејското Море

LinkSense.mk

Земјотрес со јачина од 5, 1 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди Егејското Море, соопшти турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Епицентарот на земјотресот бил во западната провинција Измир, на длабочина од 3, 97 километри, јави агенцијата Анадолија.

Регистриран е последователен земјотрес со јачина од 4,3 степени, а на длабочина од 7, 16 километри.

Засега нема информации за жртви.